Интер со победа ја заврши сезоната во Серија А (Видео)

Екипата на Интер со победа ја заврши сезоната во италијанската Серија А, но останува неизвесно дали тоа ќе биде на втората или третата позиција. Во последното коло, финалистот на Лигата на шампионите го совлада Торино на гости со 0-1.

Единствениот погодок на мечот беше дело на Брозовиќ во 37-мата минута со прекрасен удар од 20-тина метри.

Интер сезоната ја завршува со 72 бодови и во моментов има еден повеќе од Лацио кој допрва треба да го одигра мечот против Емполи и може да се врати на втората позиција.

- Оглас -

Најнови вести