Интер со потег за почит, не го заборави Ериксен

Кристијан Ериксен полека но сигурно закрепнува по срцевиот удар кој го преживеа минатиот викенд, за време на мечот Данска – Финска. Играчот кој е капитен на Данска падна на тревата и едвај беше спасен и тоа благодарение на брзата интервенција на лекарите.

Ериксен веднаш беше пренесен во болница каде му беше направена операција и му беше вграден дефибрилатор. Во Италија, каде што Данецот настапува за Интер, не е дозволено фудбалерите да играат со вакво помагало. Иако нема да заигра за Интер, челниците на италијанскиот клуб се решиле да не му го поништат договорот на Ериксен и ќе му ја даваат договорената плата.

Една од ретките силни лиги во кои е дозовлено фудбалери да играат со вграден дефибрилатор е Холандија, па се најавува дека Ериксен може да се врати во тимот на Ајакс, каде што настапуваше во малдинските категории, а потоа три сезони го носеше и сениорскиот дрес на холандскиот гигант.

Ериксен порачал дека на 8 јули ќе биде во Милано и ќе ги поздрави соиграчите на Интер, на почетокот на подготовките за новата сезона.

- Оглас -

Најнови вести