Интер ваков пресврт против Милан не памети повеќе од 70 години

Интер е новиот лидер во италијанското првенство откако Нераѕурите вечерва во феноменален меч славеа со 4:2 против Интер во градското дерби. Победата на Интер има дополнителна тежина затоа што беше остварена со голем пресврт во второто полувреме.

По првите 45 минути, Милан водеше со 2:0, но Интер не само што не се предаде, туку со феноменална игра во вторите 45 минути успеа да даде четири гола и да стигне до триумф за нови три бода. За Интер ова е четврта победа во низа против Милан што се случува за првпат по 1983 година.

Во повеќе од вековното ривалство на миланските гиганти, само вторпат се случува Интер да победи во меч на којшто имал заостанување од два гола во дуел од Серија А. Првиот пат тоа било во далечната 1949 година, кога Интер имаше два гола негатива, а на крајот победи со 6:5. Сега, по повеќе од 70 години, Интер повторно успеа да победи по негатива од два гола против Милан.

- Оглас -

Најнови вести