Интересен опис на поразот од Англија: Банкротираните одиграа добро, има надеж за ЕП

Тимот што мислевме дека е пред банкрот одигра добар контролен меч против Англија и ни ги врати надежите за добар настап на Европското првенство, објави австриски „Спорт 24“.

Австријците имаат само една победа на последните пет меча, против една од најскромните фудбалски селекции во Европа, Фарски Острови, па националниот тим трпеше многу критики.

Цел беше и селекторот Франко Фода, кој е Германец и зеде дури 19-мина играчи од Бундеслигата, од вкупно 26-мина кои конкурираат за настап на ЕП, па Австријците не беа задоволни и не очекуваа нешто значајно на ЕП.

„Мечот против Англија ни ја враќа вербата, особено играта во второто полувреме. Имавме неколку шанси, Сабицер погоди пречка, Грегорич имаше убава прилика и заслуживме реми. Ова веќе личеше на Австрија каква што ја посакуваме на Европско првенство. И голманот Бахман ја искористи шансата“, пишуваат новинарите на „Спорт 24“.

Англија ја победи Австрија вчера на „Риверсајд“ во Мидлсбро со 1:0, со голот на Бакајо Сака во 57-мата минута.

Австрија е првиот наш противник на ЕП и со нив ќе играме на 13 јуни, на премиерата за двете селекции на шампионатот.

И Македонија и Австрија ќе имаат уште по еден контролен меч пред старт на првенството.

Ние ќе играме утре со Казахстан во Скопје, па патуваме на 8 јуни за Букурешт, каде што ќе ни биде базата за двата меча против Австрија и со Украина на 17 јуни.

Австријците ќе ја имаат претпремиерата на 6 јуни против Словачка на домашен терен, а тие ќе останат дома и за база го одбраа прекрасното место Зефелд во областа Тирол, од каде што ќе патуваат за Букурешт на дуелот со Македонија на 13 јуни, потоа и за Холандија, каде што на 17 јуни играат со Лалињата, а потоа пак ќе настапат во романскиот главен град против Украина на 21 јуни.

 

- Оглас -

Најнови вести