Интересна битка во Ѓорче Петров, кој победи ќе биде трет

Македонија и Струга Трим Лум ќе играат интересен и премиерен меч од 17. коло во ПМФЛ, денеска од 13 часот во Ѓорче Петров, а победникот ќе се пробие на третата позиција на табелата, до почетокот на утрешните мечеви.

„Само победа е позитивен резултат за нас. Сигурен сум дека ќе биде победнички ден за Македонија Ѓорче Петров“, вели напаѓачот на домаќините Ален Јашаровски.

Посебна мотивација имаат и стружани, кои сакаат реванш за поразот од „лавовите“ со 0:2 пред два месеци што им е единствен неуспех на домашен терен. Сега се гости кај Македонија, осоколени по двете големи победи против Вардар и Шкендија во Струга.

Двете екипи имаат по 22 бода, а влогот е голем и успех и три бода ги водат пред Шкендија на табелата и веднаш зад Вардар и Академија Пандев, секако до почетокот на останатите мечеви од 17. коло, кои се на програмата утре од 13 часот.

ДВОЈКИ, 17. КОЛО

Денеска од 13 часот: Македонија Ѓ.П. – Струга Трим Лум

Утре, 13 часот: Академија Пандев – Вардар, Шкендија – Шкупи, Работнички – Силекс, Борец – Ренова.

 

Табела: Вардар 32, Академија Пандев 27, Шкендија 24, Силекс 23, Шкупи, Македонија и Струга по 22, Ренова и Борец по 16, Работнички 14 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести