Весела математика на ОП на САД: Наградниот фонд е најголем во историјата на тенисот, но шампионите ќе земат помалку пари

Американскиот гренслем во Њујорк ќе има рекорден награден фонд во историјата на тенисот од 57,5 милиони долари, а и покрај зголемувањето, има интересен тренд и наградите за шампионите во машка и во женска конкуренција ќе бидат намалени.

Победниците ќе заработат по 2,5 милиони долари, што е за 500.000 помалку од претходното издание на ОП на САД, на кое победниците Доминик Тим и Наоми Осака добија по 3 милиони долари.

Во 2020 година вкупниот награден фонд беше 53,4 милиони долари, а сега е зголемен за над 4 милиони долари, што ќе бидат, пред сè, наменети за послабите тенисери.

Зголемување од 66 отсто има за учесниците во квалификациите за настап на турнирот во Њујорк и за сите тенисери и тенисерки што ќе играат во првото коло.

За учество на турнирот загарантирани се по 75 илјади долари за секој од 128-те тенисери и тенисерки на ОП на САД.

Еве како изгледа вкупниот награден фонд на ОП на САД, турнир што ќе се игра од 30 август до 12 септември:

Singles:
Winner: $2,500,000
Runner-Up: $1,250,000
Semifinalist: $675,000
Quarterfinalist: $425,000
Round of 16: $265,000
Round of 32: $180,000
Round of 64: $115,000
Round of 128: $75,000

Doubles (each team):
Winner: $660,000
Runner-Up: $330,000
Semifinalist: $164,000
Quarterfinalist: $93,000
Round of 16: $54,000
Round of 32: $34,000
Round of 64: $20,000

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести