Интересно: Четирите селекции кои не играа на Мундијалот во Русија се континентални шампиони

На последниот Мундијал кој се одигра во Русија во летото 2018 година, меѓу најдобрите 32 репрезентации во светот не беа Италија, САД, Алжир и Катар, за во последниве две години овие четири селекции да се покажат како најдобри во своите континентални натпреварувања.

Аѕурите по вторпат станаа европски шампиони по победата над Англија пред половина месец, Катар на почетокот од 2019 година првпат во историјата го освои азискиот Куп на нации, a во летото 2019 година и Алжир стигна до втората титула во Купот на нации на Африка.

Во ова друштво од ноќеска се приклучи и националниот тим на САД, по победата над Мексико во финалето од Голд купот. Од актуелните континентални шампиони, само Аргентина како најдобра во Јужна Америка настапи на последниот Мундијал.

- Оглас -

Најнови вести