Брегалница го победи Лабуништа со 1-0, но според шансите, штипјани можеа и со поубедлива предност да заминат на реваншот од четврт-финалето на Купот на Македонија.
Ова беше дуел на две второлигашки екипи, се играше под рефлектори на стадионот во Штип, а на трибините имаше одлична атмосфера која ја правеа навивачките групи на двата клуба. Имаше дуел и на зет и шура, бидејќи Саше Ѓорески од Лабуништа е оженет со сестрата на Ристе Наумов од Брегалница.
„Сините“ имаа многу шанси, но дадоа само еден гол, и тоа во 52-рата минута, кога стрелец беше Мартин Стојанов. Штипјани се единствениот тим кој денеска победи на свој терен во првите мечеви. Реваншите од Купот се играат на 4 март.