Интеристите се запалија, за мечот со Лече продадени над 50.000 билети

Екипата на Интер својот прв меч од Серија А сезнава ќе го игра на 26 август, а на фановите воопшто не им пречи што ќе се игра во понеделник, па до денеска, според италијанските медиуми, продадени се повеќе од 50.000 билети за дуелот со Лече. Иако не станува збор за дерби, навивачите на Интер во голем број ќе се појават да гo гледаат тимот под водство на Антонио Конте.

Има точно уште две недели до мечот со Лече и може да се очекува стадионот „Џузепе Меаца“ да биде исполнет речиси до последнотто место, штом досега се продадени 50 илјади карти и остануваат уште триесетина илјади во продажба.

Веќе почна продажбата на билети и за наредниот домашен меч на Интер, оној со Удинезе на 15 септември. Прогнозите се дека и Илија Несторовски и другарите кога ќе гостуваат кај Интер, ќе играат на полн стадион во Милано.

- Оглас -

Најнови вести