Интервју на тренерот на Динамо било главна мотивација за Шериф

Тимот од непризнаената држава Транснистрија, екипата на Шериф Тираспол, официјално стана прв молдавски клуб кој ќе игра во групната фаза од Лигата на шампионите, откако синоќа одиграа 0-0 на „Максимир“ и го елиминираа Динамо Загреб.

Хрватскиот тим не успеа да му даде гол на Шериф за 180 минути игра, иако пред реваншот Модрите се „палеа“ дека може да го елиминираат противникот од кого загубија со 0-3 на првата средба. Токму една таква изјава на тренерот Дамир Крзнар била главен мотив за Молдавците.

„Ми се оствари сонот да влеземе во Лигата на шампионите, јас сум најсреќен човек. Имавме тежок пат, во квалификациите добивме шест меча, дадовме 14, а примивме само два гола, резултатот што го направија момците ме прави горд. Читав интервју на тренерот на Динамо. Тој рече дека не сака да има пенали, туку дека сака да нè елиминираат уште во регуларниот дел. Затоа немаше потреба посебно да ги мотивирам фудбалерите, тие веќе беа расположени“, изјави тренерот на Шериф, Украинецот Јуриј Вернидуб.

Во групната фаза, за Шериф ќе може да игра и нашиот репрезентативец Бобан Николов.

„Во Тираспол нека дојдат најдобрите играчи и тимови на светот, а ние ќе ја покажеме нашата сила. Не знам колку можеме во ЛШ, за нас најважна во моментов е средбата в сабота, не смееме да губиме бодови во домашното првенство“, даде Вернидуб.

- Оглас -

Најнови вести