Инциденти во Грција – Се тепаа навивачите на Олимпијакос и полицијата, па симпатизерите на Јанина фрлија димни бомби (Фото)

Мечот меѓу Јанина и Олимпијакос ќе трае долго, ако воопшто и продолжи по сериозните инциденти што ги предизвикаа двете навивачки групи.

Гостинските најпрво се степаа со полцијата уште пред да почне мечот, а кога едвај стивна тој инцидент и натпреварот започна, на сцена стапија хулиганите на Јанина.

Почнаа да фрлаат димни бомби на теренот и судијата мораше да го прекине мечот по само една минута игра.

Прекинот сè уште е на сила и на стадионот „Зисимадес“ во Јанина моментно не се игра фудбал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести