Инвазија на навивачи во долината на Чарлтон – Се брани клубот со 115-годишна традиција

Инвазија на навивачи има и денеска во познатата долина на Чарлтон, а се брани клубот што им е омилен на симпатизерите на Атлетик и има 115-годишна традиција.

Чарлтон, кој долго беше и прволигаш и има една вицешампионска титула и освоен пехар во ФА купот е во вистински хаос со сопствеништвото, па навивачите одлучија да реагираат.

Клубот на почетокот на годинава го превзема „Ист стрит инвестментс“ групацијата од Абу Даби, но потоа се откажаа, откако им стана јасно дека ќе мора да му плаќаат кирија за стадионот на претходниот соственик Роланд Душатле.

По многу перипетии ЕФЛ го поништи договорот меѓу белгискиот милионер Душатле и богатите шеици, а потоа се појавија двајца кандидати кои бијат битка за да го превземат клубот.

Едниот е Пол Елиот, кој наводно според последните информации се откажал од трката со Томас Сангард, богаташ од Колорадо.

Проблемот е Душатле, кој не сака да го продаде и стадионот, познатата Долина на Чарлтон, па Сангард не сака да му плаќа кирија за натпреварите на Чарлтон, кој веќе испадна од Чемпионшип и ќе игра во Лига 1 од идната сезона.

Целиот хаос не им се допаѓа на навивачите на Чарлтон, кои протестираат пред просториите на клубот, кои се на стадионот „The Valley“ во југоисточен Лондон.

- Оглас -

Најнови вести