Инвестиција од 15 милиони фунти го спасува Билиќ од отказ (Видео)

Славен Билиќ веројатно ќе продолжи како тренер на Вест Бромвич албион откако инвестицијата од Хадерсфилд, Карлан Грант, вредна 15 милиони фунти му донесе еден бод на тимот со гол за израмнување против Брајтон.

Грант го одигра првиот меч за ВБА и постигна деби погодок во 82-рата минута за израмнување на 1:1.

Претходно неговиот соиграч Ливермор си постигна автогол, со кој од 40-тата минута Брајтон водеше со 1:0.

https://twitter.com/Pogboz/status/1320791582489137153?s=20

Билиќ е незадоволен од раководството на клубот, особено по продажбата на дефанзивецот Хагази без негово знаење. Со пораз вечерва на стадионот „Амекс“ веројатно ќе си заминеше, можно е и да добиеше отказ бидејќи ВБА има лош старт во Премиер лигата и е без победа во првите шест кола само со три бода.

- Оглас -

Најнови вести