Не стивнуваат реакциите за спорниот настап на двете боксерки, Иман Калиф од Алжир и Лин Ју-Тин од Тајван, на Олимписките игри во Париз. Многумина тврдат дека се работи за мажи, иако нема таква потврда, ниту пак дека се работи за трансродови жени.
Тие во март оваа година беа суспендирани од страна на Меѓународната боксерска асоцијација, ИБА, пораби високо ниво на машки хормоно, но откако се заладија односите помеѓу ИОК и ИБА, на двете спорни боксерки им беше дозволен настап во Париз.
„Нема да коментирам поединци. Тоа е навистина злонамерно и неправедно. Само можам да кажам дека сите натпреварувачки во женска конкуренција ги почитуваат правилата на натпреварувањето. Во нивните пасоши пишува дека се жени.“ – рече портпаролот на ИОК, Марк Адамс.
Сепак, и покрај ваквото објаснување, не прекинуваат реакциите од целиот спортски свет зошто на „мажи“ им е дозволено да боксуваат против жени.