Ирак по девет години играше во Багдад, а единствениот гол беше со спектакуларни „ножички“ (Видео)

Фудбалската репрезентација на Ирак по девет години пауза, конечно одигра меч во главниот град Багдад. Пред 30.000 гледачи на стадионот „Ал-Мадина“, во пријателски меч, Ирак минимално со 1:0 ја победи Уганда.

Навивачите гордо ја пееја химната пред почеток на дуелот, а на крајот задоволно си заминаа од трибините. Голот за победа на домаќините беше постигнат во 17 минута кога Ала Абас на спектакуларен начин со „ножички“ погоди за водство на Ирак. Тој потег на крајот се покажа и како клучен за победа.

За Ирак најважно беше тоа што конечно играа репрезентативен дуел во Багдад и сите на трибините беа среќни, а атмосферата одлична.

https://twitter.com/i/status/1484542281319432192

- Оглас -

Најнови вести