Ирски европратеник го навредуваше Јувентус, па на седница се појави во дрес од Торино (Видео)

Во сабота на програмата во Серија А е градското дерби на Торино помеѓу истоимената екипа и Јувентус. Домашните се борат за излез во Европа, додека Јувентус ги изгуби шансите за титулата и е третопласиран.

Дерби дела Моле беше причина и за голема „галама“ во Европскиот парламент, каде што ирскиот европратеник Мик Валас на седницата пристигна во дрес од Торино, а од говорницата го навредуваше Јувентус.

„Претседателе, нека му е среќно на Торино во сабота против Јувентус. Јуве е ср*ње, напред Торо“, беа зборовите на ирскиот европратеник кој е голем навивач на Торино.

Мика Валас е активен и во фудбалот бидејќи во 2007 година го формира клубот Вексфорд, кој се натпреварува во првата лига на Ирска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести