Ирците го исвиркаа Анри, никогаш нема да му простат за една од најголемите неправди (Видео)

Република Ирска и Белгија ремизираа 2:2 во контролен меч, а домашните навивачи во еден момент беа многу лути на еден член од стручниот штаб на гостите. Се работи за Тјери Анри. Легендарниот француски напаѓач сега е во улога на дел од тренерскиот тим на Белгија, па кога неговиот лик се појави на семафорот на стадионот „Авива“, се слушна групно негодување од трибините.

Зошто Ирците толку го мразат Анри? Во 2009 година, Ирска и Франција играа бараж за пласман на Светското првенство во Јужна Африка. На првиот меч во Даблин, Франција со голот на Анелка победи со 1:0 и Галските петли очекуваа лесен реванш во Париз.

Сепак, на реваншот, Роби Кин погоди за водство на Ирска од 1:0, резултат кој беше по 90 минути. Бидејќи Франција победи со истиот резултат во првиот меч, мораа да се играат продолженија. Во 103 минута, Вилијам Гала даде гол, во пред погодокот Анри играше со рака, но судиите тоа не го видоа. Во тоа време немаше ВАР систем, а Анри не сакаше да признае дека се послужил со раката.  

На крајот, благодарение на тој гол Франција израмни на 1:1 и Галските петли се пласираа на Светското првенство во Катар.

 

- Оглас -

Најнови вести