Ирвинг и Дурант дадоа 78 коша, но попусто кога Бруклин го загуби дербито од Мемфис

Кајри Ирвинг и Кевин Дурант заедно уфрлија 78 поени за Бруклин, но попусто кога нивниот тим загуби од Мемфис гризлис со 132:120.

Од тие, Ирвинг даде 43, додека Дурант уфрли 35 поени, но сепак одбраната потфрли, а и тие двајца немаа вистинска поддршка од останатите.

Кај Мемфис дури седуммина кошаркари беа со двоцифрен број поени, со што дојдоа до 50-та победа во регуларниот дел од сезоната.

Лос Анџелес лејкерс, кој играше без Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, немаше сили да ја изненади Филаделфија 76-ерс, која во „Крипто.ком арената“, предводена од Џоел Ембид до 30 поени, победи со 121:126.

НБА

Шарлот хорнетс – Њујорк никс 106:121

Детроит пистонс – Атланта хокс 122:101

Индијана пејсерс – Сакраменто кингс 109:110

Бостон селтикс – Јута џез 125:97

Мемфис гризлис – Бруклин нетс 132:120

Мајами хит – Голден стејт ворирорс 104:118

Минесота тимбервулфс – Феникс санс 116:125

Оклахома сити тандер – Орландо меџик 118:102

Далас маверикс – Хјустон рокетс 110:91

Лос Анџелес лејкерс – Филаделфија 76-ерс 121:126

Портланд трејблејзерс – Сан Антонио спарс 96:133

- Оглас -

Најнови вести