Исак ретко игра во Премиер лигата, ама кога игра, речиси секогаш дава гол (Видео)

Њукасл со 1-0 го победи Фулам во драматичен меч од Премиер лигата, кој беше одлучен со гол во 89-та минута, а Челзи конечно победи, истотака со 1-0, против Кристал Палас.

Во Њукасл, во 69-та минута на Александар Митровиќ му беше поништен гол од пенал, а 20 минути подоцна Александер Исак даде гол за триумф на Чавките, по кој Њукасл во моментов е трети на табелата.

За Швеѓанецот Исак ова е прв гол од септември наваму, но тој не ни имаше играно во овој период. Ако се сметаат само мечевите на кои тој настапи во Премиер лигата, Исак има три гола на четири средби.

Њукасл е тим со најмалку примени голови и најмногу мечеви без примен гол сезонава во англиското првенство. Ова е голот на Исак вреден три бода:

- Оглас -

Најнови вести