Исходот кој најмалку им одговара на „Пандев“ и Шкендија е најреален според квотите на Sport Life

Мечот меѓу Академија Пандев и Шкендија ќе биде најинтересниот од деншната прволигашка програма во рамките на 31-вото коло.

Двете екипи водат голема битка за второто место, откако веќе од пред 10 дена Шкупи ја прослави титулата. Тетовци во моментов се второпласирани со 59 бодови, додека „Пандевци“ имаат еден помалку, а зад нив следува Македонија ЃП, којашто ќе се надева на реми на оваа средба.

Коефициентот во Sport Life за победа на Академија Пандев изнесува 2.55, додека за Шкендија тој е 2.60. За нерешен резултат којшто најмалку им одговара на овие две екипи, квотата е 2.85.

Вредно е да се напомене дека минатата средба меѓу овие две екипи која се одигра во Тетово заврши со 0:0.

- Оглас -

Најнови вести