Искористете го последното коло од Спортска прогноза за оваа година и освојте мобилен

Кристијано Роналдо ги налути навивачите, но и дел од играчите на Рома, со изјавата дека додека играл за Манчестер јунајтед, на меч против „римската волчица“, противничките играчи го молеле да престане да дрибла и „црвените ѓаволи“ да сопрат со давањето голови. Тој меч Рома го загуби со убедливи 7-1.

Сега Роналдо е во Јувентус и утревечер повторно ќе игра против Рома, но во меч од Серија А. Тоа е и најзвучниот меч за обложување во последното коло на Спортска прогноза за 2018 година. Јувентус едноставно нема милост кон ривалите и го има најдобриот старт во историјата на Серија А. Рома се надева дека ќе успее на „Олимпико“ да остане непоразена, а вам ви останува да го погодите вистинскиот „фикс“.

Покрај дербито во Торино, на Спортска прогноза останува да погостите уште 11 мечеви од најсилните лиги во Европа. Колото ќе започне, а со тоа ќе се затвори и периодот за прогнозирање утре во 15 часот, кога ќе започнат дуелите Милан – Фиорентина и Емполи – Сампдорија. Последен дуел за ова коло е Бенфика – Брага, во недела, во 18:30 часот.

Деветтото коло донесе една 11-ка, можеби десеттото коло ќе биде среќно и ќе падне првата 12-ка, а со тоа и доделувањето на главната награда, телефон „самсунг А6“. Секако, тука се и вредносните ваучери за сите кои до крајот на викендот ќе погодат 11, 10 или 9 парови на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

 

- Оглас -

Најнови вести