Исланд е без главната ѕвезда Сигурдсон, кој е обвинет за педофилија

Гулфи Сигурдсон е најголемате фудбалска ѕвезда на Исланд во моментов, кој во моментов се наоѓа во уште поголеми проблеми. Играчот на Евертон е обвинет за педофилија и по се изгледа му се заканува истата судбина како на Адам Џонсон.

Сигурдсон на 16 јули беше приведен од страна на полицијата во Ливерпул, но подоцна беше ослободен од притвор со плаќање на кауција. Сепак, работите за него не стојат така добро. Доказите  што се „товарат“ против него се во огромен број и како што се наближува судењето, сè поизвесно е затворска казна од најмалку три години.

По ваквата вест од Англија, неговата сопруга поднесе документи за развод и со своите деца се врати во Исланд. За оваа селекција, Сигурдсон има одиграно 78 натпревари и постигнато 25 погодоци. Како што е добро познато, токму оваа селекција е нашиот денешен противник во меч кој ќе се одигра во Рејкјавик со почеток од 18:00 часот.

- Оглас -

Најнови вести