Исланд се израдува од последната одлука на унгарските власти

Унгарските власти донесоа нови мерки поради опасноста од корона-вирусот, па дуелот од баражот за пласман на Европското првенство меѓу Унгарија и Исланд ќе се игра пред празни трибини.

Двете репрезентации ќе истрчаат в четврток на мегдан на стадионот „Ференц Пушкаш“, кој неодамна беше домаќин на Суперкупот на УЕФА, кога имаше над 20.000 фанови за дуелот на Баерн Минхен и Севилја.

Во Унгарија беше дозволен „ограничен број гледачи“ на стадионите, но со зголемениот број на заразени од опасниот вирус, властите во оваа земја се решија на порестриктивни мерки и нема да има гледачи на мечот што решава за место на континенталниот собир.

 

- Оглас -

Најнови вести