Исланѓаните лесно ќе излезат на крај со првакот на Андора

6044 Интер Ескалдес – Викингур (21.30 часот)

Иако првакот на Андора е официјален домаќин во овој бараж за влез во квалификациите за Лигата на шампионите, средбата се игра во Исланд и практично Викингур е домаќин и огромен фаворит. Се игра еден меч, нема реванш. Викингур во претходната рунда ја разби естонска Левадија со 6-1 и тоа е показател кој за вечерва најавува меч барем со три гола. Последните седум меча на Викингур беа со три или повеќе голови, а Интер Ескалдес има низа од пет средби по ред со 3+ голови.

Предлог тип: 2 & 3-5 (1.72)

 

6202 Франција У19 – Италија У19 (17.30 часот)

Ова е дерби во групата А на Европското првенство за јуниори до 19 години. Двата тима победија во првите две кола и јасно е дека одат во плејофот, па во меѓусебен дуел се борат за првото место. Младите Французи имаат подобра гол-разлика, па ним им одговара и нерешен резултат за да бидат први и да добијат малку полесен противник во полуфиналето. И Франција и Италија имаат само по еден пораз на последните десет меча.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.81)

 

1277 Шелбурн – Дандалк (20.45 часот)

Шелбурн има два порази по ред откако претходно беше во добра форма и имаше три победи едноподруго. Дандалк е во најдобра форма од сите тимови во Ирска, има пет победи по ред (последните три со по 1-0) и моментно е на второто место на табелата. Дандалк има само два порази на 19 меча сезонава, ја има втората најдобра одбрана, а Шелбурн не е познат по ефикасност. Шелбурн десет години не знае за победа над Дандалк, а на последните четири меѓусебни дуели на овие тимови се постигнуваа голови на двете страни.

Предлог тип: Х2 & 2+ (1.89)

 

1276 Шемрок роверс – Бохемијанс (20.45 часот)

Шемрок е лидер на табелата, но двапати загуби во последните три кола. Бохемијанс во последните три кола има по една победа, пораз и реми. Боемите имаат дури 8 нерешени резултати, но Шемрок има само три ремија. Бохемијанс на последните две гостувања примаше по три гола. Од последните седум меѓусебни дуели на овие екипи кога Шемрок бил домаќин, шестпати било неефикасно со 0-2 гола.

Предлог тип: 1 (1.58)

 

9011 Франција (ж) – Грција (ж) (19.30 часот)

Ова треба да биде еден од поинтересните мечеви во третото коло на Светското првенство во ватерполо за жени. Во првите две кола Гркинките имаа победа и реми, а Французинките победа и пораз. Грција ако победи, оди директно во четвртфинале и затоа би требало да бидат помотивирани. Во оваа група е и Шпанија, па Шпанките навиваат за Франција. Французинките немаат шанса да бидат први бидејќи Шпанија, која има бод повеќе, сигурно ќе го совлада Тајланд, а и традицијата на меѓусебни дуели најавува убедлив триумф на нашиот јужен сосед.

Предлог тип: >24.50 (1.85)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести