Што е пораз? Исмаили не знае за неуспех со Јаневски

Чедомир Јаневски донесе голем пресврт во Исмаили, еден од најдобрите клубови во Египет, и со денешната победа против Араб Контракторс со 2-0, нанижа десет натпревари без пораз во домашното првенство.

Исмаили беше заглавен во долниот дел на табелата пред доаѓањето на Јаневски за тренер, а сега е на одличната седма позиција со 35 бодови.

Јаневски ја почна египетската авантура во финишот на минатата година и има одлични резултати со Исмаили. Сè уште е без пораз во египетското првенство, а серијата од 10 меча ќе биде на вистински тест веќе во следното коло, кога во Каиро Јаневски и неговите избраници ќе се обидат да го изненадат тимот на Пирамидс, кој е кандидат за титулата.

 

- Оглас -

Најнови вести