Испишана историја на гренслем-турнирите во женскиот тенис

Онс Жабер од Тунис е првата финалистка на гренслем-турнирот во Вимблдон откако со 6:2, 3:6, 6:1 ја победи Татјана Марија од Германија. Со оваа победа, тенисерката од Тунис испиша историја во женскиот тенис затоа што стана првата Африканка која успеала да игра во финале на еден гренслем-турнир.

Бајката на Жабер ќе продолжи, а сонот на Марија згасна. Германката која за еден месец ќе наполни 35 години е на 103-тото место на ВТА-листата и играше во полуфиналето, иако претходно никогаш во нејзината долга кариера не стигнала повеќе од третото коло на некој гренслем-турнир.

Жабер во саботното финале ќе ја чека подобрата од дуелот Симона Халеп и Јелена Рибаркина.

- Оглас -

Најнови вести