Испишана историја, покажан е најбрзиот црвен картон (Видео)

Атлетико Параненсе убедливо со 3:0 го победи Крисеиро во меч од 31 коло на бразилското првенство кој ќе се памти по потегот кој се случи на самиот старт. Играчите на двата тима беа подготвени мечот да започне, а почетниот удар беше за домаќините.

Само што започна дуелот, гостинскиот играч Рафа Силва тргна агресивно и со лакт го удри противничкиот играч. Само три секунди беа потребни за Рафа Силва да направи прекршок по кој заработи директен црвен картон и тоа е историски најбрзиот црвен картон во фудбалот.

Претходниот рекорд за најбрз црвен картон беше на дуелот меѓу младите тимови на Јордан и Таџикистан кога фаул за црвен картон беше направен по само пет секунди игра.

- Оглас -

Најнови вести