Фенербахче по дебаклот од Динамо Загреб со 4-1 во Лигата на Европа, во лоша форма го пречекува лутиот градски ривал Бешикташ. На тренерот Филип Коку „му гори под нозе“, па нема да биде чудо ако вечерва добие отказ доколку Бешикташ забележи триумф, односно Фенер загуби пред своите навивачи.
Во последното коло од турската Прва лига, „фенерите“ забележаа победа благодарение на нашиот македонски репрезентативец Елиф Елмас, но Коку ќе прави ротации во составот во пресрет на вечерниот меч, па Елмас шанса ќе чека од клупа. „Жолто-црните“ примаат барем по еден гол речиси на секој меч кој досега го одираа во првенството, само против Коњаспор минатиот викенд ја сочуваа мрежата. Со оглед дека е дерби, а и фактот дека Бешикташ нема намера да се брани, се очекува да се види барем еден погодок во мрежата на Харук Текин.
Бешикташ по оној изненадувачки пораз од Aнталијаспор на домашен терен од 3-2, брзо закрепна и нареди три победи и едно реми во сите натпреварувања. Избраниците на Шенол Гунеш се „мерак“ за обложувачите кои сакаат голови, даваат најмалку два гола на секоја победа. Мал проблем ќе биде отсуството на Гери Медел, па Бешикташ ќе биде ослабен во последната линија, што ги прави ранливи.
Во меѓусебните пресметки, историски гледано, Фенербахче има 131 победа против Бешикташ, додека денешните гости бројат вкупно 124, а 90 меча завршиле без победник. Едно е јасно, се очекува тешка пресметка, разгорена борба и голови.
За „кец“ на Фенербахче квотата е 2.60 во нашите обложувалници, „двојката“ на Бешиктаиш е 2.70, додека за евентуално реми е 3.35. „Спортлајф“ овој меч го нуди и како „Квота на денот“, а за тимот ГГ3+ квотата е 2.15.