Исто како некогаш, Црвена ѕвезда купи македонски талент

Управата на Црвена ѕвезда мисли на иднината и својот подмладок го поднови со еден македонски голман. Во таборот на „црвено-белите“ од Белград од следната сезона ќе биде 15-годишниот чувар на мрежата Васко Василев.

Василев досега беше во Академијата на ФФМ, бранеше за Вардар, а беше и репрезентативец на Македонија за играчи до 14 и 15 години. Ѕвезда одамна практикува да ги доведува најголемите таленти од Србија и околните земји и развиена скаутинг-мрежа и кај нас, па Василев им се вклопи во потребите.

Младиот голман со Ѕвезда ќе има стипендиски договор и веќе тренира со својот нов клуб. Освен за Вардар, Василев бранел и за Металург, а во 2015 година е прогласен за најдбар голман во детската лига во Македонија.

Првиот тим на Ѕвезда се интересира за Илија Несторовски, па не е исклучено по пауза од неколку години, повторно да има Македонец кој ќе игра за сениорскиот состав на некогашниот европски првак.

- Оглас -

Најнови вести