Историја: 100-ти гол на Тричковски во дресот на АЕК Ларнака (Видео)

Македонскиот фудбалер Иван Тричковски, вечерва постигна гол и тоа е негов јубилеен стоти погодок во дресот на АЕК Ларнака. Ова е феноменално достигнување за Тричко кој од 2016 година е член на кипарскиот тим.

Со својот гол, Иван му донесе победа од 2-1 на тимот од Ларнака против АЕЛ Лимасол, и го врати тимот на победничките патеки откако во претходните две кола освоија само еден бод. Инаку, за АЕК цел меч одигра и Даниел Мојсов, додека Стефан Спировски играше само во првото полувреме и беше повлечен на паузата.

Погледнете го убавиот гол на Тричковски, негов гол број 100 за АЕК:

- Оглас -

Најнови вести