Историја: Ендрик е најмладиот фудбалер кој дал гол на култниот „Вембли“

Бразилецот Ендрик со голот кој го постигна вечерва за победа на Бразил над Англија од 1-0, стана најмладиот фудбалер кој дал гол на култниот стадион „Вембли“ во Лондон.

Ендрик има 17 години и 246 дена, и досега ниту еден помлад играч од него не ја тресел мрежата на „Вембли“.

Младиот Ендрик кој летово ќе му се приклучи на Реал Мадрид е најмладиот стрелец за Бразил во последните 30 години. Роналдо во 1994 година даде гол за Бразил кога имаше 17 години, 7 месеци и 12 дена, и беше еден месец помлад од сегашната возраст за Ендрик.

- Оглас -

Најнови вести