Историја, голманот Симиќ ја однесе Црна Гора првпат меѓу 12 најдобри во Европа

Небојша Симиќ вечерва ќе биде најпопуларниот Црногорец, тоа е човекот кој со своите одбрани во финишот ја запре Словенија, и на својот тим му помогна да победи со 33-32 и првпат да се пласира во втората фаза на едно ЕП.

Симиќ кој блескаше на голот против Македонија, одбрани пенал во 58-ма минута при 32-31 за Црна Гора и најави голема победа. Симиќ повторно стапи на сцена со одбранет седмерец, и во последната минута се влезе со 33-32 за Црногорците и нивен напад. Не го искористија, а на 14 секунди до крајот, Симиќ имаше уште една одбрана, за голема радост.

- Оглас -

Најнови вести