Историја: Меси стана играч со најмногу изведени и најмногу утнати пенали во ЛШ!

Пеналот кој непрецизно го изведе Лионел Меси против Реал Мадрид беше историски бидејќи Аргентинецот постави два рекорди во Лигата на шампионите.

За Меси, тоа беше 23-ти изведен пенал во ЛШ и тоа е нов рекорд. На 22 изведени пенали е Кристијано Роналдо.

Меси испиша и негативен рекорд. Тој му се придружи на Тјери Анри како фудбалери кои утнале најмногу пенали во Лигата на шампионите, имаат по пет утки.

- Оглас -

Најнови вести