Историја на „Енфилд роуд“: Ливерпул го победи Манчестер јунајтед со 7:0 (Видео)

Ливерпул со неверојатни 7:0 го победи Манчестер јунајтед во дуелот на најтрофејните клубови во Англија. Историски е резултатот на „Енфилд роуд“, кој сигурно ќе биде запишан со „златни букви“ во историјата на Ливерпул. Претходната највисока победа на Ливерпул против Манчестер јунајтед датираше од 19 век, односно од октомври 1895 година, кога било 7:1.

Првите 40 минути воопшто не навестуваа дека ова ќе биде историски дуел. Беше 0:0, кога во 43 минута Коди Гакпо погоди за 1:0 за домаќините, што беше и резултат на полувремето.

Во вториот дел се случи историскиот момент. Дури шест гола постигнаа домашните фудбалери и на крајот стигнаа до најубедливата победа во дуелите со вечниот ривал. Дарвин Нуњес во 47 минута и Гакпо во 50 погодија за 3:0 и тие погодоци може да ги видите ТУКА.

Шоуто продолжи со голот на Мохамед Салах во 66 минута за 4:0, а потоа Нуњес по втор пат се запиша во листата на стрелци. За прв пат во историјата, тројца играчи на Ливерпул постигнаа по два гола на еден ист меч, откако Салах беше прецизен и зголеми на 6:0 во 83 минута.

Точка на мечот стави Роберто Фирмино со погодокот во 89 минута за историски 7:0.

- Оглас -

Најнови вести