Историја на СП во Фукуока: Ледецки го израмни рекордот на Фелпс по бројот на златни медали

Американката Кети Ледецки го израмни рекордот на Мајкл Фелпс по бројот на златните медали на светските првенства, откако победи на 1500 метри на Светското првенство во Фукуока. Тоа за неа е вкупно 20-ти златен медал во кариерата, има 15 во индивидуална конкуренција и 5 во екипна (штафета).

– “Се чувствувам добро и задоволна сум од денешниот исход. Едноставно се забавувам. Тоа е само многу напорна работа и луѓето околу мене се одлични, како и тренерите со кои работам откако започнав со пливање на мои шест години.“ – рече Ледецки.

Ова за Ледецки е петто светско злато на 1500 метри откако заврши со дури 13 секунди пред италијанката Симоне Кваљадарела.

- Оглас -

Најнови вести