Историја во Либертадорес, квартет од дами-судијки делеа правда

Првпат во историјата на Копа Либертадорес на еден натпревар правдата ја делеа квартет од жени-судијки. Едина Алвес од Бразил беше главната арбитарка во ремито од 1-1 меѓу Дефенса и Индепендиенте дел Вале кое се одигра во шестото коло од групната фаза.

Нејзини помошнички беа Неуза Бак исто така од Бразил, како и Синди Нахуелкој и Марија Белен Карвахал од Чиле.

Мечот беше речиси беспрекорен во кој Алвес додели само еден жолт картон за гостите, но им и додели настрога казна на Индепендиенте кој Ортис не го искористи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести