Историја за Шпанија – Луис Енрике воведе самоуправување во репрезентацијата (Фото)

Луис Енрике изненади на прес-конференцијата по победата на Шпанија против Јордан со 3:1 на последниот тест-меч на Црвената фурија пред настапот на Мундијалот, а има интересен новитет, што медиумите го нарекоа самоуправување.

„За првпат јас не го одредив стартниот состав, туку тоа го сторија играчите. Тие правеа сè и кој ќе игра од почеток и кој колкава минутажа ќе има“, рече Енрике по триумфот од 3:1.

Шпанците лесно го победија Јордан со головите на Фати, Гави и Нико Вилијамс и во победничко расположение го чекаат првиот меч на СП во Катар, против Костарика на 23 ноември.

Дербито во Е групата им е против Германија на 27 ноември, а последниот меч во фазата по групи ќе го играат со Јапонија на 1 декември.

 

- Оглас -

Најнови вести