Историска ноќ во НБА за Леброн, Кари, Харден и Јанис

Големите НБА ѕвезди имаа блескави игри во ноќешните мечеви. Се одиграа осум меча, а за изевојување е убедливата победа на шампионот Лос Анџелес лејкерс на гости кај Голден Стејт со 128:97. Леброн Џејмс беше одличен и заврши со трипл-дабл од 22 поени, 11 асистенции и 10 скока. Со овој трипл-дабл, Леброн стана првиот играч во историјата на НБА лигата што успеал да има 10 трипл дабл учинока откако наполнил 35 години.

На спротивната страна, првата ѕвезда на Голден Стејт, Стеф Кари даде 27 поени, а на овој меч стана најдобриот асистент во историјата на Воините.

Клупски рекорд постави и Џејмс Харден во дресот на Бруклин нетс. Харден го водеше тимот до победа над Њујорк од 117:112, а на крајот првата ѕвезда заврши со 21 поени, 15 скока и 15 асистенции. Ниту еден играч во клупската историја досега немал трипл-дабл со барем по 15 поени, скока и асистенции.

Историски меч одигра и Јанис Адетокумбо во победата на Милвоки против Вашингтон на гости од 133:122. Адетокумбо имаше трипл-дабл со 31 поени, 15 скока и 10 асистенции и стана првиот кошаркар во клупската историја што успеал да има трипл-дабл на три меча по ред.

НБА резултати: Шарлот – Сакраменто 122:116, Вашингтон – Милвоки 122:133, Бруклин – Њујорк 117:112, Детроит – Сан Антонио 99:109, Далас – Лос Анџелес клиперс 99:109, Денвер – Индијана 121:106, Феникс – Мемфис 122:99, Голден Стејт – Лос Анџелес лејкерс 97:128.

- Оглас -

Најнови вести