Историска одлука: во Белгија ќе се преигра меч поради грешка на ВАР (Видео)

Во Белгија е донесена историска одлука, натпреварот помеѓу Андерлехт и Генк кој се одигра на 23-ти декември, ќе биде преигран, поради голема грешка на ВАР, со која директно се влијаеше врз резултатот.

Андерлехт го доби тој меч со 2-1, а причина за повторување на мечот е ситуација од 23-тата минута кога напаѓачот на Генк, Јира Сор, даде гол. Имаше пенал за Генк, Каспер Шмајхел го одбрани шутот на Брајан Хејнан, а Сор прв дојде до одбиената топка и ја испрати во мрежа.

Судиите во ВАР собата реагираа и му јавија на главниот судија дека Сор влегол во 16-ник пред Хејнан да го шутне пеналот и дека голот треба да биде поништен. Но, освен Сор, во казнениот простор влегоа и двајца играчи на Андерлехт, па според правилата пеналот требал ода биде повторен, не да се поништи голот.

Генк поднесе жалба, а Дисциплинската комисија на лигата утврди дека клубот е во право, па решено е мечот да биде преигран.

- Оглас -

Најнови вести