Историска победа: Ѓоковиќ испиша нов антологиски рекорд (ФОТО)

Нова Ѓоковиќ со пласманот во финалето на мастерс турнирот во Париз испиша нов неверојатен рекорд во историјата на тенисот.

Светскиот рекет број еден, седум години ќе остане на местото број еден на АТП ранкингот, урнувајќи го досегашниот рекорд на Пит Сампрас на кого тоа му успеа шест години.

Ноле, до ова остварување дојде откако во полуфиналето во еден супер драматичен меч го победи Полјакот Хуберт Хурказ со 2:1 во сетови, односно 3:6, 6:0, 7:6 во гејмови.

А исто така неговиот противник имаше и меч топка на при резултат 5:4 во гејмови во последниот сет, но, Ноле успеа да се одбрани и да дојде до една од најважните победи во својата кариера.

Негов опонент во утрешното финале ќе биде подобриот од мечот Александр Зверев и Дмитри Медведев кој се игра од 17:00 часот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести