Историска победа на Мирандес – Остана единствен второлигаш во битката за пехарот во Копа дел Реј

Мирандес одигра перфектен меч и приреди сензација во последниот меч од осминафиналето на Копа дел Реј со триумф од 3:1 против големиот фаворит Севилја.

Ова е најголемата победа во историјата на клубот формиран во 1927 година, но најчесто играл во пониските рангови во Шпанија.

Матеус Асијас со два брзи гола во првиот половина час најави сензација, а беше јасно дека подвигот на Мирандес ќе стане реалност кога Алваро Реј погоди за 3:0 во 85-тата минута. Претходно Пења утна пенал при резултат 2:0 за домаќините, па јасно е дека успехот на Мирандес е чист како солза, иако е големо изненадување.

Севилја намали на 1:3 со голот на Нолито во самиот финиш и мораше да се прости од натпреварите во Копа дел Реј. Ждрепката со вкупно 7 прволигаши ќе ја чека и сензацијата Мирандес како единствен претставник на клубовите од Сегунда дивизија.

- Оглас -

Најнови вести