Историска победа на словенечкиот дебитант на Тур де Франс

Словенецот Тадеј Погачар е победник на славната велосипедска трка Тур де Франс. Неговиот триумф е сензационален поради многу работи.

Погачар кој утре полни 22 години, беше дебитант, прв дебитант кој победил на Тур после 38 години пауза, прв после девет години кој жолтата маица ја презел на една етапа до крајот на трката, а доминацијата на Словенците ја комплетира и Примож Роглич кој го освои второто место во генералниот пласман. На денешната етапа со цел на Елисејските полиња во Париз, немаше борба за тронот, па и Роглич собра сили да се насмее и да му честита на својот помлад сонародник.

Роглич е големиот губитник бидејќи тој беше лидер долго време, но на вчерашната хронометарска трка ја испушти предноста и победата му ја препушти на младиот Погачар од тимот на УАЕ Емирати.

Од 1964 година наваму не е видено на првите две позиции да бидат сонародници кои во конечниот пласмн биле со помалку од еднамкнита разлика во времето, а и првпат во 117 години постоење на Тур де Франс победува некој велопедист од поранешна Југославија.

- Оглас -

Најнови вести