Историска проценка на букмејкерите: Седмопласираниот Лејкерс е фаворит против Феникс во првата рунда

Актуелниот шампион ЛА лејкерс едвај се протна против Голден стеј за пласман во разигрувањата, каде што во првата рунда ќе се сретне со Феникс санс, вториот најдобар тим на Западот.

Букмејкерите направија проценка за историја, првпат по 30 години се случува седмопласирана екипа од една конференција да биде фаворит против второпласираната екипа.

Без разлика што Езерџиите извојуваа тесна победа над Голден стејт со клучната тројка на Леброн, обложувалниците сметаат дека Лејкерси како актуелни шампиони ќе се пласираат во конференциското полуфинале така што ќе ги елиминираат Сонцињата, кои пак сезонава беа доста атрактивни и ги покажаа шампионските амбиции.

Според квотите во Sport Life, најголеми шанси за освојување на титулата има Бруклин нетс при квота од 2.50, додека на Лејкерси коефициентот е рамно 5, на Феникс 17.

- Оглас -

Најнови вести