Историска ВАР одлука која може да го реши првенството во Шпанија (Видео)

Барселона со гол во 91 минута го победи Реал Мадрид, но резултатот можеше да биде и поинаков на крајот, доколку ВАР технологијата не ги „вмеша прстите“ на „Камп Ноу“.

Резултатот беше 1:1 кога Марко Асенсио во 81 минута постигна гол за Реал Мадрид по кои гостите прославија за предност од 2:1. Овој погодок може да го видите ТУКА.

Сепак, тоа славје кратко траеше, затоа што се јавија судиите од ВАР собата. Сомнително беше дали Асенио е во офсајд позиција, а по прегледување на целата ситуација и повлечените линии, беше утврдено дека Асенсио буквално за милиметри бил во недозволена позиција.

Ова е историска одлука, затоа што прв пат еден гол на Ел Класико се поништува по ВАР сугестија. Доколку Реал Мадрид победеше, ќе ја намалеше разликата на шест бода, а вака, благодарение на голот на Кеси во 91 минута, Барселона сега има 12 бодови повеќе од вечниот ривал.

- Оглас -

Најнови вести