Историски договор на Реал, ќе заработи богатство за играч кој нема одиграно ниту една минута

Стоперот на Реал Мадрид, Рафа Марин, ќе биде нов играч на Наполи. Италијанскиот клуб се согласи да плати 12 милиони евра за трансфер на играч за којшто многумина немаат слушнато, а нема одиграно ниту еден меч за Кралскиот клуб.

Шпанскиот весник „Марка“ овој трансфер го најави како „Историски бизнис за Реал“. Марин во Наполи доаѓа по барање на тренерот Антонио Конте, кој бил задоволен од игрите на дефанзивецот кој минатата сезона ја играше како позајмен играч во Алавес.

Наполи, кој пред една година се радуваше на титулата во Серија А, потоа имаше очајна сезона и заврши на 10-тото место на табелата. Според „Марка“, трансферот е историски затоа што Реал ќе добие дури 12 милиони евра за фудбалер кој никогаш не заиграл за сениорскиот тим на Кралевите.

Реал Мадрид ќе има право да го откупи договорот на Марин во јуни 2026 година за 25 милиони евра или за 35 милиони евра во јуни 2027 година. Сепак, доколку Наполи во текот на првата сезона плати дополнителни 10 милиони евра за Марин, откупната клаузула за враќање во Реал ќе се зголеми на 50, односно 70 милиони евра.

Ако Наполи се согласи да даде дополнителни 10 милиони евра, Реал сезонава ќе заработи вкупно 22 милиони евра за фудбалер кој само шестпати бил резерва во сениорскиот тим, но не одиграл ниту една минута.

- Оглас -

Најнови вести