Историската трка во Ф1 може да донесе многу одговори околу новиот шампион

Катар влегува во историјата на Формула 1 шампионатот како 33-та земја во која се вози трка од „најбрзиот циркуз“ во светот. Освен што е историска прва трка, ова ќе биде и една од клучните за одлучување на новиот шампион.

„Мртва трка“ водат Макс Ферстапен и Луис Хамилтон. Ферстапен е лидер во генералниот пласман, но има само 14 бодови повеќе од Хамилтон, кој денеска ќе ја има пол позицијата и ќе стартува прв во Катар.

Хамилтон и на вчерашните квалификации покажа дека има одличен нов мотор и дека е доминантен во однос на останатите, па доколку нема поголеми проблеми, Британецот денеска треба да извози стабилна трка и со евентуален триумф уште повеќе да се доближи до лидерот или во најдобар случај за него, да избие на челната позиција.

- Оглас -

Најнови вести