Историски ден за светскиот фудбал, можеби за последен пат еден против друг ќе играат Роналдо и Меси

Кристијано Роналдо пред дваесетина реши да стави крај на кариерата во европскиот фудбал и потпиша за тимот на Ал Наср во Саудиска Арабија. Со заминувањето на Роналдо од Европа, многумина навивачи беа разочарани дека тоа е крај на едно големо ривалство, тоа што Португалецот го имаше против Лионел Меси.

Сепак, не само што тоа не беше крај на нивното ривалство, туку дебито во новиот клуб Роналдо ќе го има токму против Лионел Меси и Пари Сен Жермен. Ол-стар тим составен од играчи на Ал-Насл и Ал-Хилал денеска од 18 часот ќе играат пријателски меч против францускиот првк ПСЖ, каде се ѕвездите Меси, Нејмар, Килијан Мбапе…

За тоа каков интерес има за овој натпревар, покажува и фактот дека е продаден и најскапиот билет во историјата на фудбалот, а го купи еден саудиски бизнисмен.

Според квотите во Sport Life, ПСЖ е голем фаворит за победа, а се очекува да има барем четири погодоци во ова шоу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести