Историски ќе биде вечерва мечот меѓу Севилја и Барселона

За прв пат во историјата на Барселона, еден меч од Примера дивисион ќе биде испратен без ниту еден каталонски новинар на стадионот. Барселона вечерва гостува на „Рамон Санчез Писхуан“ во Севилја, а ниту еден каталонски медиум не доби дозвола да присуствува на средбата.

Поради строгите правила за време на мечевите во ерата на Коронавирусот, ограничен е и бројот на официјални медиумски лица. Приоритет за следење на овој натпревар имаат локалните медиуми, како и мадридските „Марка“ и „Ас“, но ниту еден каталонски медиум не доби дозвола да биде директно на стадионот во Севилја.

Вкупно ќе има само петмина новинари од печатените медиуми, како и 14 фотографи. Дуелот во Севилја е еден од клучните околу трката на Барселона за одбрана на титулата. Каталонците имаат два бода повеќе од Реал Мадрид, но Севилја е ривал кој може да направи изненадување.

Според статистиката и традицијата, на последните 24 натпревари на овие два тима, имало вкупно 97 погодци, односно повеќе од четири гола на меч, што само најавува дека и вечерва можеда очекуваме интересен и неизвесен меч.

 

- Оглас -

Најнови вести