Кога ќе видиме вакво нешто во македонскиот фудбал? (Видео)

ТСЦ Бачка Топола со 2:0 го победи Нови Пазар во меч од првото коло од новото првенство на Србија. Бојан Балаж си постигна автогол за водство на ТСЦ, а на почетокот на второто полувреме се случи историски момент за српскиот фудбал.

По еден корнер на домаќините, топката удри во раката на еден гостински играч, а судиите од ВАР собата сигнализираа дека главниот арбитар Јован Шегрт треба да ја провери повторената снимка. Шегрт истрча до мониторот и по прегледување на снимката одлучи дека треба да има пенал за домаќините.

Ненад Лукиќ погоди за 2:0, а овој гол ќе биде запамтен како прв кој бил постигнат по помош од ВАР системот. Вчера во српското првенство се одиграа два меча, но арбитрите немаа потреба да бараат помош од ВАР собата.

 

- Оглас -

Најнови вести