Историски резултат во ракометот!

На азиското ракометно првенство за жени, се одигра меч кој ќе се памти по крајниот резултат. Јапонија немаше милост во дуелот со Палестина и на крајот победи со неверојатни 56:1.

Репрезентацијата на Палестина важи за полуаматерска селекција и се дебитанти на едно вакво натпреварување. Сепак, крајниот резултат е неверојатен затоа што за 60 минути дадоа само еден гол, а примија дури 56. Единствениот погодок Палестинките го постигнаа во 36 минута, кога погодија од пенал, при резултат 33:0.

Дека овој пораз на Палестина не е случаен покажува и нивниот дуел против Јордан. Таа средба заврши со 45:7 во корист на Јордан. Сепак, Палестина е далеку од светскиот рекорд за најголем пораз во женскиот ракомет. Тој рекорд е поставен во 2016 година кога Фарски Острови во неверојатни 81:1 ја победија Албанија.

- Оглас -

Најнови вести